Ѓоковиќ мораше да биде сигурен, па направи комплетна анализа во Ургентиниот центар

Новак Ѓоковиќ по лошо ќе го памети мастерсот во Рим бидејќи загуби во третото коло, но и поради инциндетот по кој беше повреден во главата. Ѓоковиќ случајно беше погоден со шише во главата, поради што заврши во болница во Рим. Наредниот ден излезе на теренот и убедливо загуби.

Откако се врати во Белград, Ѓоковиќ реши да направи дополнителни целосни тестови во Ургентиниот центар, а сега се познати и резултатите.

„Новак е добро. Сите наоди се добри. Направи комплетна крвна слика и сè е во рамките на нормалата. Направи и ЕКГ, но и снимки на главата за да се увери дека не е сериозно повреден кога во Рим беше погоден со шише во главата. Предмалку ги доби резултатите и сите се добри“, вели извор на „Информер“, а пренесуваат останатите српски медиуми.

Ѓоковиќ сезонава не освои ниту еден трофеј, а сега ќе се подготвува за настап на Ролан Гарос во Париз.

- Оглас -

Најнови вести