Барселона не дозволи изненадување и со 3:1 славеше над Елче во меч од 11. коло на шпанското првенство. Со оваа победа, Барселона стигна до 25 бодови и сега повторно е на пет бода зад лидерот и нивни најголем ривал Реал Мадрид.
Каталонскиот гигант одлично започна и во деветата минута со голот на Ламин Јамал поведе со 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Само две минути по првиот гол на Барселона, следуваше нова радост. Уште еден брз напад на домаќините, а Феран Торес беше прецизен за 2:0.
Сепак, Елче не се предаде. Тимот кој е на третото место по поседот на топка во првенството (веднаш зад Барселона и Реал Мадрид), заигра многу подобро и пред крајот на првото полувреме ја матираше одбраната на домаќините. Искусниот Рафа Мир избегна една офсајд замка, а потоа одлично ја погоди спротивната страна од голот на Барселона и намали на 2:1 на полувреме.
Во вториот дел Барселона постигна и трет гол во 61 минута кога прецизен беше Маркус Рашфорд и стави крај на сите дилеми за тоа каде ќе завршат трите бода.

