Новак Ѓоковиќ е главна ѕвезда на АТП турнирот во Атина, а Србинот денеска го дозна својот прв ривал. Рекордерот по бројот на гренд слем титули, ќе игра против Чилеанецот Алехандро Табило.
Тенисерот од Чиле по голема борба во мечо кој траеше повеќе од три часа, го победи Адам Волтон од Австралија со 7:6 (9), 6:7 (8) и 7:5. Интересно е дека Табило е тенисер кој воопшто не му одговара на Ѓоковиќ.
Србинот досега два пати има играно против Табило и два пати загубил. Првиот пат Табило победи со 2:0 во сетови на Мастерсот во Рим во 2024 година, а оваа година на Мастерсот во Монако, Чилеанецот повторно со 2:0 беше подобар од Ѓоковиќ.
Сега, во Атина е трета среќа за Ѓоковиќ не само да се обиде да го победи Табило, туку воопшто и да освои барем еден сет.

