Барселона мора да победи на „Камп ноу“ ако сака да биде во Топ 8 екипи на табелата по завршување на лигашкиот дел од Лига на Европа. Сепак, каталонскиот гигант по првото полувреме на свој терен губи со 0:1 од Копенхаген.
По само четири минути од почетокот на мечот, Копенхаген изведе одличен контра напад, а Дадасон даде гол за 1:0, а потоа ја сочува оваа предност до крајот на првото полувреме.
Viktor Dadason shoots and it’s a goal!
🇪🇺 Barcelona 1-0 Københavnpic.twitter.com/bUywpWdfyD
— Goals Xtra (@GoalsXtra) January 28, 2026
Елиф Елмас е стартер за Наполи, кој на свој терен води со 2:1 против Челзи. Англискиот тим прв даде гол преку Енцо Ферандес од пенал, но Наполи направи пресврт и стигна до 2:1 на полувреме и со 11 бодови моментално е на 19 место на табелата, кое води во нокаут фазата од ЛШ.
Резултати по првото полувреме: Ајакс – Олимпијакос 0:0, Арсенал – Каират 3:1, Алтетик Билбао – Спортинг 2:1, Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт 1:1, Барселона – Копенхаген 0:1, Баер Леверкузен – Вилјареал 2:0, Бенфика – Реал Мадрид 2:1, Борусија Д. – Интер 0:0, Бриж – Олимпик Марсеј 2:0, Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:0, Ливерпул – Карабах 2:0, Манчестер сити – Галатасарај 2:0, Монако – Јувентус 0:0, Наполи – Челзи 2:1, Пафос – Славија Прага 1:1, ПСЖ – Њукасл 1:0, ПСВ Ајндховен – Баерн Минхен 0:0, Ројал Унион – Аталанта 0:0.

