Познати полуфиналните дуели на ЕП, ќе има шоу

Данска немаше милост и убедливо со 38:24 ја победи Норвешка, додека со двоцифрена разлика славеше и Шведска во пресметката со Швајцарија, а резултатот на крајот беше 34:21. Со овие два меча се комплетира групната фаза од Европското првенство, па веќе се познати и полуфиналните двојки.

Во полуфиналето и борбата за медали ќе играат: Данска – Исланд и Хрватска – Германија.

Данците во Хернинг одржаа уште една ракометна лекција, овојпат против Норвешка. Интересно е дека Норвешка парираше до пред крајот на првиот дел, кога беше 17:16 за Данска. Од тој момент, Данска заигра многу подобро и разликата само се зголемуваше. Беше 26:19, а првпат до двоцифрена предност Данска стигна кога поведе со 32:22, па на крајот стигна и до највисоки 14 гола предност.

Шведска со 13 разлика ја победи Швајцарија, но на крајот заврши на третото место во групата ќе се бори за петтата позиција на континенталниот собир, последна што води директно на следното Светско првенство.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН ВО ГРУПИТЕ ОД ГЛАВНАТА ФАЗА: 

Група 1: Данска 8 бода, Германија 8, Португалија 5, Франција 4, Норвешка 3, Шпанија 2.

Група 2: Хрватска 8, Исланд 7, Шведска 7, Словенија 4, Унгарија 2, Швајцарија 2.

- Оглас -

Најнови вести