Барселона победи на гостувањето кај Леванте во меч од второто коло во шпанското првенство. Триумфот на Барселона беше со пресврт во второто полувреме, откако во првиот дел, Леванте имаше предност од 2:0.
Домаќините одлично започнаа и со голот на Ромеро поведоа во 15 минута. Се играа последните моменти од првиот дел, кога Леванте направи контра напад и домаќините добија пенал.
Искусниот 38-годишен Хозе Луис Моралес погоди за 2:0 на полувреме.
Во второто полувреме, Барселона тргна силовито да направи пресврт, кој беше најавен со прекрасниот погодок на Педри во 49 минута.
Само три минути по голот на Педри, следуваше нова радост за гостите. По еден корнер, Феран Торес одлично се снајде во петерецот и погоди за 2:2.
Барселона притискаше и напаѓаше за да постигне трет погодок, а тоа конечно се случи во судиското надополнување. По еден центаршут на Ламин Јамал, автогол си постигна Унаи Елгезабал и Барселона го комплетираше пресвртот за победа од 3:2. Овој погодок може да го видите ТУКА.