Вкупен коефициент од 40.84 се добива доколку ги одиграте сите пет понудени комбинации од денешните Квоти на ден во Sport Life. Тоа значи дека со само 50 вложени денари, евентуалната добивка е 2.000 денари.
Брентфорд е домаќин на Тотенхем и тука се очекува гостинот да не загуби. За комбинацијата Х2&2-4 погодоци, коефициентот е одличен и изнесува 2.35.
Рапид во Виена е фаворит во дуелот против Хартберг и треба да очекуваме да има погодоци во мрежата на гостите. За играта Рапид да постигне барем еден гол во првото полувреме, а на крајот од мечот да има барем два гола за домаќините, квотата е 2.05.
Дербито на денот е во Лондон, каде Челзи е домаќин на Ливерпул. Тука опцијата е да се одигра на голови и тоа да има барем еден погодок во првиот дел и 3+ голови на крајот од средбата. Квотата е 1.85.
Стразбур на свој терен го пречекува Лион и тука играта е домаќинот да не загуби во меч на кој ќе има погодоци на двете страни. Коефициентот за тоа е 2.35.
Хетафе и Барселона ќе играат во вечерниот термин, а за комбинацијата Барселона да не загуби во меч на кој гостите ќе постигнат минимум два погодоци се дава коефициент од 1.95.