Барселона ја совлада Севиља со убедливи 5-2 на „Камп Ноу“ во 28-то коло од Ла Лига.
Иако Рафиња постигна хет-трик, вклучувајќи два пенали, играч на натпреварот беше феноменалниот Жоао Кансело, кој се избори за два пенали и потоа постигна спектакуларен гол. Натпреварот исто така беше означен со враќањето на Пабло Гави, кој се врати по седум месеци, влезе во 81-та минута и веднаш ја презеде капитенската лента.
Барса го отвори натпреварот одлично, веќе по 20 минути Кансело заработи два пенали, а двата реализираше капитенот Рафиња. Првиот пенал беше заработен по фаул на дефанзивецот на Севиља, а вториот по игра со рака на Кормона во шеснаесетникот.
Во 38-та минута, по извонредна акција, Бернал центрираше, а Дани Олмо со удар од 15 метри ја зголеми предноста на 3-0. Севиља намали во надополнувањето на првото полувреме со гол на Осо за 3-1.
Во второто полувреме, Барса продолжи со офанзива. Фермин Лопез асистираше за Рафиља за 4-1 во 51-та минута. Најубавиот погодок го постигна Кансело, кој по левата страна ја надмудри одбраната и со прекрасен шут зголеми на 5-1.
Конечно, Севиља постигна втор гол во последната минута преку Соу, за конечни 5-2.

