Барселона веќе загубила околу 25 милиони евра поради тоа што „Камп Ноу“ е затворен

Шпанскиот првак Барселона губи по 3,3 милиони евра за секој неодигран меч на својот „Камп Ноу“. Сите стадиони, вклучувајќи го и најголемиот стадион во Европа се затворени за посетители, а според пресметките Барселона веќе загубила помеѓу 20 и 25 милиони евра, поради пандемијата од Коронавирусот.

Клубот не може да добива приходи ниту од клупскиот музеј, од турите за прошетка кои редовно се правеа на „Камп Ноу“ за туристите, како и од продажба на сувенири, затоа што стадионот е затворен.

Дури и да продолжат мечевите во Примера, Барселона ќе продолжи да трпи големи загуби, затоа што натпреварите сигурно ќе се играат пред празни трибини. Токму затоа, челниците на каталонскиот гигант размислуваат за продавање на виртуелни билети, за собирање средства кои ќе одат во добротворниот буџет на клубот.

- Оглас -

Најнови вести