Комо и Интер одиграа без голови во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, па јасно е дека патникот за во големото финале ќе се решава во реваншот кој на 24 март е закажан на „Џузепе Меаца“ во Милано.
Комо е тимот кој сезонава е најпријатно изненадување во италијанскиот елитен фудбал, а вечерва покажа дека не случајно е во полуфиналето на Купот. Во четвртфиналето Комо на гостински терен го елиминира актуелниот италијански првак Наполи, а сега го надигра Интер, но на крајот резултатот е 0:0.
Во помалку од еден месец, Комо не само што го елиминира Наполи од Купот, во првенството одигра 1:1 на гости кај Милан, а го победи Јувентус во Торино со 2:0. Вечерва против Интер, Комо беше многу подобар тим. Домаќините имаа поголем посед на топката, упатија повеќе шутеви кон противничкиот гол, изведоа повеќе корнери, а Интер речиси и да немаше шанса за погодок, па Нераѕурите на крајот може да бидат и задоволни што не загубија.
Утре се игра првиот меч од второто полуфинале во кое ќе играат Лацио и Аталанта.

