Барселона верува во проектот, тренерот Чави нема да добие отказ

Чави Ернандес останува тренер на Барселона и покрај дебаклот во Лигата на шампионите и преселбата во второкласната Лига на Европа.

Клубот има доверба во Чави, верува во неговиот проект, па тренерот останува недопирлив и покрај неуспехот кој има и финансиски последици по Барса, не само спортски.

Чави летоска велеше дека ќе се борат за титула во ЛШ, а испаднаа уште во групната фаза. Сега останува Каталонците да се потрудат во Лигата на Европа, шпанската лига, Шпанскиот куп и Суперкупот, но преселбата во ЛЕ е дебакл за клуб кој летоска потроши многу пари за да ги задоволи барањата на тренерот.

Во ЛШ Чави како тренер на Барселона има повеќе порази од победи, статистички е најнеуспешен, па затоа и фановите на Реал Мадрид на неодамнешното Ел Класико го провоцираа со скандирања „Чави остани“, со што покажуваат дека би сакале најнеуспешниот тренер да остане на клупата на ривалот.

Но, Чави е големо име во Барселона и раководството уште му верува. Да беше некој друг тренер, по толку рано испаѓање од ЛШ, сигурно ќе беше сменет, сметаат некои познавачи на состојбите во клубот.

- Оглас -

Најнови вести