Ефикасно ќе биде во ЛШ, одлучувачки натпревари во италијанската Серија Б (Фото)

6001 – Борусија Дортмунд – ПСЖ (21:00)

Баерн Минхен и Реал Мадрид синоќа понудија вистински спектакл со четири погодоци, а слично се очекува да биде и вечерва на дуелот помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ. На последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи секогаш паѓале по најмалку два гола. Борусија Дортмунд е во серија од пет натпревари на кои имало најмалку два гола, а на четири од нив имало и 3+. Натпреварите на ПСЖ се уште поефикасни, па на последните пет имало по најмалку пет гола и сите завршиле „гол-гол“.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80)

 

3015 – Комо – Цитадела (15:00)

Фудбалерите на Комо се многу блиску до директен пласман во Серија А, а за да останат на тој пат, потребна им е победа против Цитадела на домашен терен. Комо нема пораз од Цитадела на последните три меѓусебни натпревари, а на четири од последните пет меча во Серија Б постигнуваа по најмалку два гола.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.97)

 

3020 – Бари – Парма (18:00)

Лидерот Парма попладнево гостува кај екипата на Бари, која грчевито се бори за опстанок. Двата поранешни члена на Серија А имаат различни амбиции, но за да ги остварат ќе мора да нападнат кон противничкиот гол. Парма со победа и официјално ќе се врати во Серија А, додека Бари со победа ќе излезе од опастаната зона. Последните пет натпревари кои ги одигра екипата на Бари завршуваа со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

3016 – Специја – Палермо (15:00)

Уште еден дуел на екипи кои се на два различни краја на табелата во Серија Б. Специја грчевито се бори да го обезбеди опстанокот, додека Палермо веќе е сигурен во плеј-офот за пласман во повисок ранг. Гостите веќе се подготвуваат за разигрувањето, а тоа е шансата на Специја да дојде барем до бод против Палермо. Четири од нивните пет последни меѓусебни натпревари завршија со најмалку два гола.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.73)

 

3018 – Леко – Сампдорија (18:00)

Екипата на Леко веќе е испадната и следната сезона ќе настапува во Серија Ц, додека Сампдорија е на осмата позиција, последната која води во разигрувањето за пласман во Серија А. Гостувањето кај Леко е одлична можност за Сампдорија да дојде до бодови со кои ќе ја зацврсти позицијата на која се наоѓа и да дојде чекор поблиску до разигрувањето. Првиот меѓусебен дуел на овие две екипи кој се одигра во есенскиот дел од сезоната, заврши во корист на Сампдорија со 2-0.

Предлог тип: 2 (1.76)

- Оглас -

Најнови вести