20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Барселона влегува во „војна“ со Реал Мадрид за дефанзивецот на Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, од поодамна е желба на Реал Мадрид, но Кралевите немаат намера да платат обесштетување за него, туку да чекаат да му истече договорот следното лето и слично како и Трент Александер-Арнолд, да го ангажираат бесплатно.

Сепак, нивниот најголем ривал, Барселона, сега влегува во игра за потписот на репрезентативецот на Франција, а за разлика од Реал, Каталонците се подготвени да го откупат неговиот договор.

Вредноста на Конате во моментов е 60 милиони евра, но сигурно дека може да се добие и за помала сума бидејќи договорот ќе му истече следното лето, па и Ливерпул ќе сака да заработи, но прашање е дали Барселона во моментов има финансии за ваков трансфер.

- Оглас -

Најнови вести