16.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Барселона во опасност: ПСЖ го „лови“ големиот талент од Ла Масија и може да го доведе бесплатно

Барселона е клубот кој ја има најдобрата младинска школа од која постојано „никнуваат“ нови таленти. Каталонскиот гигант во својот сениорски состав постојано вметнува нови млади играчи, од кои се очекува во иднина да имаат одлична кариера.

Еден таков играч, секако, е и 18-годишниот Хуан Хернандес. Тинејџерот веќе неколку недели тренира со првиот тим под водство на Ханси Флик, а беше дел и од записникот во сениорскиот тим на еден од последните натпревари.

Сепак, Барселона е во опасност да го загуби овој талентиран фудбалер, кој е главна цел на Пари Сен Жермен, кој бара „свежа крв“ за во средниот ред. Актуелниот договор на Хернандес со Барселона истекува на крајот од сезонава и доколку не се потпише нов договор, ПСЖ ќе може да го „украде“, и тоа без да плати ниту едно евро отштета.

Тинејџерот сезонава во Барса Атлетик под водство на Хулијан Белети има одиграно седум меча, во кои постигна еден гол, а има и една асистенција, но е вистински мотор на средината од теренот. Тој веќе е главен играч и на У19 селекцијата на Шпанија, а важи за еден од најголемите таленти во Европа на негова возраст.

- Оглас -

Најнови вести