26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Барселона во последните четири години донесе 21 играч, а задржа само шестмина

Летниот преоден рок заврши, а Барселона не успеа да ја заврши главната мисија – да го врати Нејмар на „Камп ноу“. И покрај тоа што Бразилецот не се врати во Барселона, Каталонците направија добра работа со доведувањето на Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид. За Французинот беа платени 120 милиони евра, а се очекува да ја комплетира напаѓачката линија во која загарантирано место имаат Лионел Меси и Луис Суарес.

Второто големо засилување е во средниот ред. Френки де Јонг дојде од Ајакс за сума од 75 милиони евра. Овие двајца треба да се главни во тимот во следните неколку години. Сепак, тоа што треба да ги загрижува челниците на Барселона е фактот дека во последните четири години имаат направено многу грешки во доведувањето нови играчи.

Од 2015 година до сега, Барселона потпиша со 22 играчи, а во клубот сега се само шестмина.

 

- Оглас -

Најнови вести