Барселона води на „Сантијаго Бернабеу“, 16 квота беше првиот гол да биде постигнат на тој начин (Видео)

Барселона води со 1:0 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ по 45 минути игра во првиот полуфинален дуел од Купот на Шпанија. Еден момент на невнимателност на домаќините во 26-тата минута беше доволен за гостите да се израдуваат.

Играчите на Реал Мадрид изведоа аут и згрешија, гостите тоа го искористија, Кеси се најде сам пред Тибо Куртоа, кој успеа да го одбрани неговиот удар, но одбиената топка удри во Милитао, кој се обидуваше да блокира и на крајот заврши во мрежата. Погодокот може да го видите ТУКА.

Реал Мадрид имаше поголем посед на топката, Кралевите имаа и пет шута, но ниту еден не беше во рамките на противничкиот гол.

Интересно е дека во Sport Life коефициентот за првиот погодок на Ел Класико да биде автогол се вреднуваше со коефициент 16.

 

- Оглас -

Најнови вести