Барселона за 58 милиони евра го доведе првото големо засилување

Барселона конечно може да се пофали дека од следната сезона во нивните редови ќе биде Бразилецот Рафиња од Лидс. Според пишувањата, каталонскиот гигант го доби Рафиња за трансфер од 58 милиони евра кои може да достигнат дополнителни девет милиони во зависност од играта на фудбалерот и успесите што ќе ги има.

Преговорите меѓу Барселона и Лидс се водеа уште од февруари, а сега е договорено Рафиња да биде на „Камп Ноу“ до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести