Барселона задоцни само 18 секунди и остана без засилување

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата на Барселона поради пропаднатиот трансфер на дефанзивецот на ЛА Галакси, Хулијан Араухо.

Управата на Барселона го договори трансферот на Араухо кој требаше да „Камп Ноу“ да пристигне како замена за Ектор Белјерин, кој пак се пресели во Спортинг, но целата работа пропадна поради неколку секунди.

Поточно, 18 секунди задоцни Барселона за да ја достави комплетната документација за трансферот на Араухо во ФИФА. Каталонскиот тим вложи жалба во која истакна дека задоцниле поради грешка во пресметките, но ФИФА ја одби истата.

- Оглас -

Најнови вести