Бартез се врати во клубот што го лансираше во елитата

Фабиен Бартез се врати во матичниот клуб Тулуз и ќе има интересна улога на советник на тренерите на голманите и ќе биде задолжен за развој на тренерската струка во францускиот второлигаш.

Човекот што има титула европски првак со Марсеј од сезоната 1992/93 и беше и светски и европски првак со Франција во 1998 и во 2000 година, на 49-годишна возраст прави камбек во клубот.

Точно по 29 години, Бартез повторно е тука да му помогне на матичниот клуб, на којшто не му оди добро и по долга низа години и настапи во првата француска лига, сега е второлигаш.

За Бартез ова е прв ангажман по завршувањето на голманската кариера, што по Тулуз ја продолжи во Марсеј, Монако, Манчестер јунајтед, повторно во Марсеј и на крајот во Нант, каде што ја заврши успешната авантура како чувар на мрежата.

За Франција бранеше 87 пати, по трипати на Европско и на Светско првенство, од кои има по една круна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести