Баскија останува ноќна мора за Партизан

Гостувањата кај Басконија се „црна точка“ за белградскиот Партизан, тоа се потврди и вечерва во дуелот од првото коло од новата сезона во Евролигата, кога шпанскиот тим го победи српскиот со 88-82.

Белградските Црно-бели имаат шест порази по ред на гости од Басконија, а само еднаш имаат победено во салата во Виторија, и тоа на нивното прво гостување таму во веќе далечната 2001 година.

Партизан целосно го смени тимот во однос на минатата сезона, сега на хартија делуваат посилни, имаат големи амбиции, но поразот вечерва покажа дека за Жељко Обрадовиќ ќе има работа да го воигра овој состав со сериозен индивидуален квалитет.

- Оглас -

Најнови вести