Баскијците пак немоќни: Билбао 23 години не победил, а 40 години редовно прима гол(ови) во Барселона

Барселона беше подобра од Атлетик Билбао и со победата од 2-1 ја продолжи традицијата на успеси дома против баскискиот тим.

Атлетик не знае за победа на гости кај Барса уште од 2001 година, а цели 40 сезони не се случило да не примат гол во Каталонија. На сето ова се надоврзува и црната низа на тренерот Ернесто Валверде кој не знае за гостинска победа против Барселона во својата кариера, а ова му беше 17-ти меч.

Ламин Јамал после асистенцијата во првото коло, денеска даде гол со кој стана најмлалд играч што му дал гол на Билбао, а Роберт Левандовски има одличен старт, постигна три погодоци во првите две кола сезонава.

Барселона првпат после четири сезони успеа да освои 6 бода во првите две кола, тогаш тренер им беше Роналд Куман.

- Оглас -

Најнови вести