Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Батистута даде емотивно интервју за поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд, во кое со болка зборуваше за смртта на Диего Марадона и го спореди со Лионел Меси.
„Тој беше голем човек, но почина сам“, рече Батистута.
Во отворениот разговор со поранешниот англиски дефанзивец, легендарниот аргентински голгетер се осврна на неколку теми, но најтрогателниот момент се случи кога зборуваше за смртта на Диего Марадона – настан што го остави со силно чувство на вина што не можел да му помогне.
„Никој не беше таму кога почина. Умре како куче. Се чувствувам виновен затоа што бев еден од неговите обожаватели и не направивме многу за да го заштитиме. И ако сакате да му помогнете некому во неволја, мора да го направите тоа дури и ако не ви дозволуваат да му помогнете“, се пожали популарниот Батигол.
“Maradona Is Different” He died alone
Gabriel Batistuta reflects on teammate Diego Maradona, one of football’s global icons 🇦🇷
CC: @rioferdy5, @GBatistutaOK pic.twitter.com/BdtF4VEUHD
— Rio Ferdinand Presents (@RioMeets) March 25, 2026
Батистута верува дека Марадона стигнал до оваа точка затоа што „дошол од сиромашно семејство и никому не му рекол ‘не’ кога бил млад. Му рекле дека сè е во ред, а тоа била огромна грешка“. Тој изрази надеж дека „ова нема да му се случи на Меси“.
Батистута, кој со 56 погодоци е втор најдобар стрелец во историјата на аргентинската репрезентација, ги истакна разликите меѓу двете аргентински фудбалски икони:
„Тие се различни. Меси постигна 1.000 гола, а Марадона постигна 100. Меси е смирен човек, а Марадона не беше таков. Марадона беше најдобар затоа што можеше да игра, да ги контролира судиите и противникот. Беше способен за неверојатни работи, Меси може да ги прави истите работи, но му недостасува таа харизма, тој шарм“, коментираше Батистута.

