Баварците го меркаат соиграчот на Елмас, спремни се да ја испразнат касата

Бомбастична е информацијата која пристигна од Апенините, Баерн Минхен го посакува напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен.

Баварците се решени да го преболат незадоволниот Роберт Левандовски, кој е на излезна врата, така што ќе ја испразнат касата за нигерискиот голгетер. Наводно Баерн е подготвен да плати дури 120 милиони евра за соиграчот на нашиот Елиф Елмас, што би бил најскап трансфер за ова лето.

Наполи пред две лета го купи Осимхен од Лил за високи 75 милиони евра, а тој во 62 меча забележа учинок од 28 гола и 9 асистенции. Контретна понуда допрва ќе се испраќа, се чека прво заминувањето на Полјакот, па дури потоа Баерн ќе тргне по потписот на Осимхен.

- Оглас -

Најнови вести