Бејл дебитираше како голфер, покажа дека е добар и во тој спорт (Видео)

Велшанецот Герет Бејл го имаше своето деби како голфер на ПГА тур и на првиот ден покажа дека воопшто не е лош и во тој спорт.

Најинтересниот момент од настапот на 33-годишниот Бејл беше кога ексѕвездата на Реал Мадрид и капитен на селекцијата на Велс за втората дупка мораше да изведе удар од еден асфалтиран пат.

„Тоа беше добар шут, се обидов да одиграм како што би одиграл професионален голфер. Иако сум играл фудбал и пред повеќе од 80.000 луѓе и ме гледале милиони на телевизија, сепак имав трема, ова е многу поразличен спорт“, изјави Бејл.

Бејл на 9 јануари објави крај на фудбалската кариера, а на турнирот во голф на којшто игра меѓу 156-те аматери учествуваат и други ѕвезди, како актерите Бил Мареј и Џејсон Бејтмен, квотербекот на НФЛ-тимот Грин Беј пекерс, Арон Роџерс итн. Турнирот трае до 5 јануари.

https://twitter.com/i/status/1621202361044574211

- Оглас -

Најнови вести