Бејл доби понуда како од соништата

Статусот на Герет Бејл во Реал Мадрид засега останува нерешен. Тренерот Зинедин Зидан речиси сигурно нема да смета на Велшанецот во новата сезона, но засега играчот не сака да си замине од Мадрид. Неодамна Бејл дури потенцираше дека ќе седи на клупата за резерви, ама нема да си оди од Реал додека му трае договорот.

Оваа ситуација може да се смени доколку има вистина околу последните пишувања. За Бејл има интерес од Кина. Најавите се дека на Бејл му се нуди договор според кој годишно ќе заработува по 30 милиони евра во сезона, што е одлично.

За Бејл се интересираат и Манчестер јунајтед, Тотенхем и уште неколку други европски клубови, но тешко дека некој од нив може да понуди сума од 30 милиони евра, како што е понудата од Кина.

- Оглас -

Најнови вести