Герет Бејл ја почнува последната сезона во дресот на Реал Мадрид, а Кралевите вечерва ќе гостуваат кај Алавес. Велшанецот е едно од најзвучните имиња во Реал, но тој едноставно е далеку од формата кога играше најдобро.
Во подготвителниот период Бејл го носеше дресот со бројот 50, а на контролниот меч промаши пенал во ремито без погодоци. Сега, Бејл го доби дресот со бројот 18, а не неговата вообичаена 11-ка што ја носеше со години во Реал.
Реал од денеска ќе има и нова „четворка“. На местото на Серхио Рамос, дресот со бројот 4 му припадна на новото засилување Давид Алаба, кој дојде од Баерн Минхен како слободен играч. Кралевите вечерва ќе бидат и со нов тренер на клупата. На местото на Зинедин Зидан ќе седи повратникот Карло Анчелоти.