Герет Бејл има добра опција да остане во Шпанија и во Мадрид и од Реал да се пресели во редовите на Хетафе.
Иако има најави дека велшкиот репрезентативец сака да се врати во својата родна земја и таму да ја продолжи кариерата по понудата на Кардиф сити, кој игра во англискиот Чемпионшип, сепак Хетафе е упорен да го ангажира офанзивецот.
Бејл си заминува од Реал Мадрид, договорот му истекува на 30 јуни, а еднаш на почетокот на месецов ја одби понудата на Хетафе, клуб кој исто така е од Мадрид.
Но, од Хетафе објавија дека нема да се откажат и му нудат на Бејл едногодишен договор за сезоната 2022/23.
На велшкиот репрезентативец му одговара да игра во силна лига, а шпанската е една од најдобрите на светот, најмногу поради континуитет со настапи пред почетокот на Мундијалот во Катар.
Бејл ќе игра за Велс на Светското првенство во ноември и декември, а добро би му дошло првиот дел од идната клупска сезона што доаѓа непосредно пред Мундијалот да ја мине во клуб од Шпанија.