Бејл може да го напушти фудбалот и да стане голфер?

Герет Бејл е еден од фудбалерите на кои Реал Мадрид, поточно тренерот Зинедин Зидан, не смета за следната сезона, но велшкото крило има договор со 2022 година и во следните три години треба да земе плати во износ од 51 милион евра.

Зидан по мечот со Бетис, изјави дека Бејл нема да остане во Реал и дека дури и да имал право на повеќе од три измени, немало да го внесе Бејл во игра. Навивачите на Реал често го исвиркуваа скапиот фудбалер кој сезонава не дава никаков придонес, а требаше да биде лидер по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Но, Бејл не сака да си оди толку едноставно.

„Имам уште три години договор. Ако сакаат да си одам, треба да ми платат 17 милиони евра по сезона, а ако не сакаат, тогаш останувам во Реал и следните три години ќе играм голф“, рече Бејл, кој дојде од Тотенхем во 2013 година за тогаш рекорден трансфер од околу 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести