Бејл првпат после 26 месеци заигра на „Бернабеу“, и беше исвиркан, а одговори со насмевка (Видео)

Герет Бејл за првпат после 773 дена (од февруари 2020 година) заигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а беше дочекан со гласни свирежи. Фановите на Реал не му ги заборавија сите испади.

Интересно е што Бејл додека ги слушаше свирежите при секој негов контакт со топката, само се смешкаше.

Велшанецот по завршувањето на сезонава ќе си замине од Реал, а соиграчите го осудија односот на навивачите кон Бејл, кој уште е член на 13-кратниот европски првак и си зема огромна плата.

 

- Оглас -

Најнови вести