Репрезентацијата на Велс, предводена од Герет Бејл и Арон Ремзи, се пласираше на Европското првенство, а веднаш по мечот со Унгарија, на прославата тие држеа знаме со шеговита порака кон Реал Мадрид.
Во последните денови, во Велс најпопуларно скандирање е „Велс, голф, Мадрид, по тој редослед“, а беше направен и банер, кој го држеше играчот на Реал Мадрид. Ова значи дека и Бејл се согласува околу приоритетите, па на прво место му е родната држава, на второто место му е играњето голф, а клубот од кој добива плата му е на трето место.