Бејл: Знаев дека еден ден ќе се вратам во Тотенхем

Герет Бејл вчера го официјализираше своето враќање во Тотенхем каде што во претстојната сезона ќе игра како посајмен играч од редовите на Реал Мадрид. По седум години и 13 освоеи трофеи со Кралевите, Бејл се врати во Премиер лигата и истакна дека е пресреќен што се врати во клубот каде што го изгради својот имиџ.

„Тотенхем отсекогаш беше посебен клуб за мене. Тука се прославив и уживав играјќи за Тотенхем, сега се надевам дека ќе можам да ѝ помогнам на екипата да освојува трофеи. Отсекогаш знаев дека еден ден ќе се вратам, ова беше вистински момент и прилика што не смеев да ја пропуштам. Гладен сум за успех и мотивиран да остваруваме добри резултати. Имам менталитет на победник кој го изградив по толку успеси со Реал Мадрид, се надевам дека моето искуство ќе биде од корист за екипата. Инфраструктурата на Тотенхем е многу подобрена од последниот пат кога бев тука, па затоа наша цел е да одиме на следното ниво и да освоиме трофеј“, истакна Бејл во своето прво интервју како старо-нов играч на Петлите.

Велшанецот зад себе има 203 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања, во кои забележа учинок од 56 погодоци и 58 асистенции. Шанса да дебитира ќе има за два дена, кога Тотенхем ќе се сретне со Лејтон Ориент во третото коло од Лига купот на Англија.

- Оглас -

Најнови вести