Кристал палас едвај го елиминираше Зрињски, Нотингам дома загуби, но оди понатаму

Англиските премиерлигаши се намачија за да продолжат понатаму во Лигата на Европа и Конференциската лига. Кристал палас на свој терен со 2:0 го победи Зрињски од Босна и Херцеговина за да оди во осминафиналето во третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Актуелниот освојувач на ФА купот и Комјунити шилд поведе со 1:0 пред крајот на првото полувреме, што им донесе и предност во вкупниот биланс затоа што на првата средба резултатот беше 1:1.

Зрињски во финишот тргна да израмни, домаќините тоа го искористија и дадоа гол за 2:0 и ставија точка околу дилемата за тоа кој тим оди понатаму.

Во Лигата на Европа, Нотингам форест на свој терен загуби со 1:2 од Фенербахче, но англискиот тим оди понатаму благодарение на победата во Истанбул со 3:0.

Болоња на класичен италијански стил оди понатаму откако калчолиашот втор пат со 1:0 го победи Бран. Селта Виго рутински оди понатаму откако повторно беше подобра од грчкиот ПАОК.

 

- Оглас -

Најнови вести