Сопственикот на ФЦСБ, контроверзниот Џиџи Бекали, беше многу критички настроен кон своите фудбалери по поразот во Скопје од Шкендија, но сигурен е дека романскиот првак ќе се пласира во следната рунда квалификации за Лигата на шампионите.
„На реваншот ќе се квалификуваме понатаму. Добро е што поразот се случи сега, па знам што треба да направам. Натпреварот беше загубен целосно по наша вина. Мрзеливоста го тера Бога да ти докаже дека ако не работиш, нема да добиеш ништо. Тоа беше прашање на мрзеливост“, рече коментираше Бекали кој нареди да се избркаат двајца играчи.
Реваншот ќе се игра на Националната арена во Букурешт следната среда во 20.30 часот. Кај ФЦСБ ќе го нема најопасниот напаѓач Флорин Танасе, кој доби црвен картон и тоа е хендикеп за тимот бидејќи ќе им требаат голови.