Бекам подготвува спектакуларни трансфери во Мајами – Главна цел се Меси и Суарез

Дејвид Бекам е основач и сопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами. Славниот англиски фудбалер со неговиот тим се обидува да стигне до првиот поголем успех, а знае дека ќе треба добро да го засили тимот.

Според одредени информации од Шпанија, популарниот Бекс остварил контакти со Лионел Меси и Луис Суарез се со цел тие да дојдат во Мајами.

Нивните реакции биле позитивни, иако во моментов е навистина тешко да се случи такво нешто, особено за Лионел Меси кој што има богат тригодишен договор со ПСЖ. Додека, пак, за ситуацијата за Суарез е едноставна и тој на лето како слободен агент би можел да се придружи.

Доколку ова му успее на Бекам, тогаш ова ќе ова ќе бидат моижеби и најголемите трансфери во историјата на МЛС лигата, а и во светот на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести