Беља работа – Најдобриот стрелец на сите времиња на Шахтар побегна од карантин и удри велосипедист

Луиз Адријано си направи голем проблем во Бразил и го прекрши правилото за карантин со позитивен тест на ковид-19 и притоа за бељата да биде поголема со возилото удри велосипедист.

Поранешниот репрезентативец на Бразил и најдобар стрелец на сите времиња на украинскиот Шахтар со 128 погодоци ја призна вината со објава на „Инстаграм“.

Адријано го напуштил карантинот и објасни дека со возилото тргнал да ја земе мајка му од супермаркет во Сао Паоло, а без намера го удрил велосипедистот на паркинг-просторот.

„Жал ми е што згрешив, но морав да ја земам мајка ми, која е возрасна и не можеше сама да се врати дома. Без намера го удрив велосипедистот и потоа од страв да не го заразам со корона-вирус, не можев да му помогнам. Се извинувам за инцидентот“, напиша Адријано.

На први април бразилскиот ас и поранешен играч на Шахтар, Милан и Спартак Москва беше позитивен наковид-19 и нема да игра за Палмеирас против Дефенса и Хустисија на првиот меч од Суперкупот на Јужна Америка што ќе се игра задутре во Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести