Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс, Крег Белами, го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите за Светско првенство 2026 против Казахстан и Македонија.
Поради повреда отпадна ветеранот Арон Ремзи, кој е член на Кардиф, а во минатото настапуваше и за Арсенал и за Јувентус. Велс гостува во Скопје на 25 март, а во тимот ќе имаат фудбалери кои настапуваат во Премиер лигата, како Неко Вилијамс (Нотингам форест), Бен Дејвис, Бренан Џонсон (двајцата од Тотенхем), Дејвид Брукс (Борнмут) и Дени Ворд (голман на Лестер), но и интернационалци кои играат за шкотските Ренџерс, Мадервел, француските Рен и Нант, германскиот Хановер. Тука е и Луис Кумас, кој е играч на Ливерпул, а настапува како позајмен за Стоук сити.