Белата точка беше црна за Шкупи, новиот првак потклекна во Штип

Брегалница го победи Шкупи со 4-1, а Шкендија со 1-0 го совлада Работнички, во денешните две прволигашки средби од македонската лига.

Откако ја обезбедија титулата, чаирчани не беа премногу мотивирани, па загубија од Брегалница која два од четирите голови ги даде од пенал, а и Шкупи изведе пенал, но не го искористи. Штипјани немаа победа уште од 13-ти март, но денеска ја прекинаа црната серија.

Во Тетово, Шкендија со голот на Дориев, освои три бода во дуелот со Работнички. Шкендија е втора, а може и да остане таму и по завршување на колото, ако Академија Пандев не победи како гостин во утрешното дерби против Македонија Ѓорче Петров.

- Оглас -

Најнови вести