Белгија е противникот на Шпанија во финалето на женското ЕП

Женската кошаркарска репрезентација на Белгија ќе игра во финалето против Шпанија на Европското првенство кое се игра во Словенија и Израел.

Белгијките во второто полуфинале беа подобри од Франција со 67:63 и направија најмалку еден чекор повеќе од претходното ЕП. Белгија на ЕП во 2021 година го беше трета, исто како и 2017 година и утре за првпат ќе игра во меч за титулата.

Белгијките во текот на целиот меч беа во водство, но во финишот Франција со серија 0:7 дојде до минутс два (65:63), но немаа сили за целосен пресврт.

Најдобра во редовите на Белгија беше Ема Месеман со 23 поени, а одлична партија прикажа Џули Ванло со 18 поени. Кај Франција се истакна Сандрин Груда со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести