УЕФА е во паника: Холандија ќе оди по примерот на Белгија – се заговара прекин на првенството

Екипата на Бриж од вчера го има епитетот на првак во белгиското првенство за сезоната 2019/20. Иако од Европската фудбалска федерација беше побарано сите земји да се обидат да ги доиграат националните првенства, само 24 часа по тој состанок на УЕФА, Белгија донесе одлука за прекин на шампионатот и прогласување на најдобриот тим. Како лидер до моментот кога се играше фудбал, Бриж ја доби титулата во Белгија.

УЕФА најмногу се плаши дека по овој потег од Белгија ќе се случи домино-ефект, односно ќе има уште земји каде и дефинитивно ќе биде прекинато првенството. Најгласни за таква одлука се клубовите во Холандија. Гигантите Ајакс и ПСВ Ајндховен подржани од АЗ Алкмар заговараат премин на првенството во Холандија.

„Не гледаме ниту една логична причина зошто би продолжило првенството“, вели техничкиот директор на ПСВ, Тон Гербрандс. Со ова мислење се слогласуваат и првите луѓе во Ајакс и АЗ Алкмар. Од водечката четворка во првенството, единствено од Феенорд не стигна потврда дека сакаат да биде прекинат шампионатот.

 

- Оглас -

Најнови вести