Бриж e шампион, Белгија ја нокаутира УЕФА за 24 часа и доби само јалова опомена

УЕФА остро реагираше на одлуката на Белгијците дефинитивно да го прекинат натпреварувањето во Жупилер лигата и да го прогласат Бриж за шампион.

„Сите фудбалски федерации беа информирани на заедничкиот состанок дека треба да се стори сè што е можно да се доиграат првенствата. И само еден ден подоцна имаме одлука што е во спротивност со нашите насоки. Ова ја урива хармонијата и договорот што го донесовме заеднички“, објавија од УЕФА.

Бриж како актуелен лидер во Жупилер лигата денеска и дефинитивно е прогласен за шампион на Белгија, па сега УЕФА стравува од домино-ефект.

Вчера со видеоврска претсавниците на УЕФА им го презентираа својот план на сите 55 национални фудбалски федерации дека треба да се доиграат домашните првенства. За таа цел беа пролонгирани и финалињата во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа и сите бараж-мечеви од Лигата на нациите во битката за пласман на ЕП што ќе се игра следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести