Дуелот на Црвена ѕвезда и Партизан е дерби на вечерта во кошаркарската Евролига. Во белградската Арена атмосферата на трибините ќе биде пеколна и гостинот доби 1.000 билети, а и на теренот ќе се води беспоштедна битка.
Легенди на двата клуба во пресрет на мечот велат дека сфаќањата биле дека ако го загубиш градското дерби, тоа значи и неуспешна сезона. Овој меч им е најважен во сезоната и нема фаворити, иако според квотите во Sport Life Ѕвезда е поблиску до триумф.
Црвено-белите подобро ја отворија сезоната (скор 5-5) во Евролигата за разлика од Партизан (2-8), а и имаат серија од осум победи по ред против ривалот во сите натпреварувања.
Вечерва се играат уште пет меча во Евролигата. За жал, наместо да бидат во Скопје и да играат за Македонија на мечот со Литванија, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс ќе играат за своите клубови.
Нено во Милано го пречекува Макаби, а Шортс со Париз гостува во Истанбул кај Ефес. Македонските плејмејкери ги има и на листата на кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат вечерва.