Белградските ривали Црвена ѕвезда и Партизан, денеска го играат својот 162 меѓусебен дуел, духот на дербито се чувствува во цела Србија, па така и во продавниците, каде навивачите водат борба за позиционирање на чипсовите со грбовите на двата клуба.
Чачанскиот чипс со амблемите на Ѕвезда и Партизан од 2017 година се наоѓа во продажба, а директорот на фабриката која ги прави чипсовите, тврди дека квалитетот на чипсот е идентичен, разликата е само во пакувањето. Ѕвезда и Партизан имаат и економска полза од ова, добиваат по 10 проценти од продажбата.
Видете како изгледа кога навивач на Ѕвезда ќе дојде во продавница и чипсот со Партизан го крие позади:
https://twitter.com/i/status/1233830545915883521