Белградското фудбалско дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан кое требаше да се игра утре, одложено е поради Денот на жалост во Србија и им направи голем проблем на клубовите.
Ѕвезда и Партизан веќе имаат по еден неодигран меч и тоа дополнително ја комплицира ситуацијата. Поради настапот на Ѕвезда и во ЛШ, календарот им е пренатрупан, па прв слободен реален термин кога би можеле да го одиграат одложеното дерби е дури 6 декември.
На 6 декемри требаше да се играат мечеви од Купот, но можно е таа рунда да биде одложена за да се играат мечевите од одложеното деветто коло на Суперлигата.