Бели дресови на терен со снег, не е паметна идеја (Фото)

Екипите на Башакшехир и Сивасспор одиграа 1-1 во меч од 19-тото коло во турската Суперлига, а средбата се играше по снежно невреме, и гледачите на телевизија имаа проблем да ги видат гостинските фудбалери кои на побелениот терен играа во бели дресови.

Теренот во Истанбул беше покриен во снег, но домашните се гледаа бидејќи играа во портокалово-црни дресови. Проблем беше Сивасспор и на моменти делуваше како на терен да има само еден тим, белите може да се забележат.

Долу на терен сликата беше нешто подобра, моеше да се забележат гостите, но гледано на телевизија, или од трибините, беше потешко да се лоцираат играчите во бело.

- Оглас -

Најнови вести