Реал Мадрид го доби европското класико против Јувентус со 1-0 и продолжи со максимален ефект во Лигата на шампионите. Џуд Белингам беше стрелец на победничкиот гол за Кралевите во 57-та минута, откако се најде на вистинското место кога топката од дирекот се одби кон него, по шутот на Винисиус јуниор.
Ливерпул ја прекина серијата порази и со стил славеше против Ајнтрахт Франкфурт на гости со 1-5. Прв дојде во водство Ајнтрахт со голот на Кристенсен во 26-тата минута, но Екитике израмни, а Ван Дајк и Конате покажаа надмоќ во воздушните дуели и погодија за 1-3 на полувремето. Во вториот дел стрелаа и Гакпо и Собослаи за убедлив триумф.
Баерн Минхен го победи Клуб Бриж со 4-0. Карл во петтата минута ја отвори серијаа, Кејн зголеми на 2-0, а Луис Дијас и Николас Џексон се погрижија за убедлива победа.
Челзи славеше со 5-1 против Ајакс на „Стемфорд бриџ“, а без голови завршија мечевите Аталанта – Славија Прага и Монако – Тотенхем.
Спортинг Лисабон со пресврт го победи Олимпик Марсеј со 2-1.