Никако „да се врати дома“. Англичаните вторпат по ред потклекнаа во финале на Европско првенство и не успеаја да го одведат трофејот дома, како што тие милуваат тоа да го кажат. Шпанија беше подобра во финалето во Берлин и заслужено славеше со 2-1 со головите на Нико Вилијамс и на Микел Ојарзабал.
По мечот, Џуд Белингам не можеше да ја сокрие нервозата, а „настрада“ фрижидерчето за вода поставено крај клупата за резерви.
Белингам се навикна на освојување трофеи со Реал Мадрид оваа сезона, па за него е сериозно непријатен момент поразот во едно големо европско финале.
Bellingham dando patadas en plan niñato y le han tenido que llamar la atención para que presencie a España levantando el Trofeo por fair play, se había ido a sentarse al banquillo. Otro endiosado. pic.twitter.com/whaVURrITr
— Torren (@Torren__) July 14, 2024