Голем број пријателски натпревари се одиграа ширум светот вечерва, на последниот ден од мартовскиот ФИФА прозорец. Најголемото изненадување го приреди Словенија, која ја совлада Португалија со 2-0. Кристијано Роналдо и соиграчите останаа немоќни во Љубљана.
Домаќинот на Европското првенство, Германија, со 2-1 беше подобра од Холандија на пријателскиот меч во Франкуфрт. Мителстад и Фулкруг погодија за домашните, додека единствениот гол за Холандија беше дело на Верман за водство од 0-1.
Џуд Белингам со гол во 95-тата минута ја спаси Англија од пораз на домашен терен од Белгија, во мечот кој заврши 2-2. Белгија двапати водеше со головите на Тиелеманс, но Англичаните израмнуваа преку Тони и Белингам.