32.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Белингам ќе го пропушти почетокот на следната сезона

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, по Светското клупско првенство ќе оди на операција на рамото, по што би му следувала пауза од 2-3 месеца и тоа значи дека ќе го пропушти стартот на наредната сезона.

Белингам го повреди рамото минатата сезона, на натпреварот против Рајо Ваљекано во ноември 2023 година и оттогаш носи заштитна опрема. Оваа сезона игра со болки, и за да се реши трајно тој проблем, мора да биде опериран и да отсуствува некое време.

Оваа сезона 21-годишниот Англичанец одигра 51 натпревар за Реал Мадрид, постигнувајќи 14 гола и запишувајќи 14 асистенции. Финалето на СКП е на 13 јули, што значи дека Белингам би се оперирал најдоцна во средината на јули и не би можел да игра до октомври.

- Оглас -

Најнови вести