Англискиот репрезентативец Џад Белингам во летниот преоден рок ќе потпише за Реал Мадрид, иако два тима му нудеа подобри финансиски услови.
Трансферот сè уште не е реализиран, но е договорен и Белингам во првиот дел од летниот преоден рок дресот од Борусија Дортмунд ќе го замени со тој на Реал Мадрид иако нудеше помалку пари од ПСЖ и Манчестер сити.
Според германските медиуми, токму Белингам ги одбил понудите на Светците и Граѓаните, а потоа тоа го стори и неговиот актуелен тим, Борусија Дортмунд.
Медиумите тврдат дека Белингам на управата на Милионерите ѝ рекол дека не сака да игра за „пластични тимови“. Тој смета дека ПСЖ и Сити се државни проекти на Катар и на Обединетите Арапски Емирати и со пари сакаат да купат успеси.
Белингам во Борусија Дортмунд пристигна во 2020 година од Бирмингам.