Белингам по стапките на својот идол, во Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 5 (Фото)

Големото засилување за средниот ред на Реал Мадрид, Џад Белингам, кој дојде од Борусија Дортмунд, денеска е претставен како нов член на Кралскиот клуб.

Белингам позираше со дресот со бројот 5 и со тоа ги расчисти дилемите околу бројката што ќе ја носи на грбот. Бројот 5 во минатата сезона го имаше дефанзивецот Хесус Ваљехо, но тој му го отстапи на Англичанецот, па Белингам ќе ја носи петката која своевремено во Реал ја носеше и неговиот идол Зинедин Зидан.

Белингам во Борусија играше со бројот 22, но тој во Реал е зафатен од Антонио Ридигер. Освен Зидан, и други легенди на Реал го носеле бројот 5 (Санлис, Редондо, Јеро, Камачо, како и Варан во поново време).

- Оглас -

Најнови вести